Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувни граѓани,
На почеток на кампањата за претседателските избори се потврдувата две суштински работи.
Прво. ВМРО-ДПМНЕ е изолирана во својот став против Европа.
Дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите.
Второ. Мицкоски нема план. Тоа е јасно како бел ден особено по телевизискиот дуел во којшто Ковачевски доминираше но и во јавните настапи.
Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата.
Тие би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за нашата кампања, кој каде бил и слично, испраќаат агресивни и празни пораки.
Но ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано.
Силјановска ја следи оваа линија и таа е целосно маргинализирана.
Мицкоки, Силјановска и ДПМНЕ немаат што да им понудат на граѓаните. Со ДПНЕ е можно само враќање назад во изолација.
Од друга страна Ковачевски аргументирано претстави јасната визија и план за европска иднина.
План за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година.
Како и план за реализација на програмата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, за просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните.
Јасно е, Коалиција за Европска иднина предводена од СДСМ е единствената алтернатива за иднината на државата.
Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, меѓу европска интеграција со Ковачевски и Пендаровски или изолација со Мицкоски и Силјановска.