Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, најбогата партија во Европа и партија симбол за расипништво и криминал продолжува лажно да обвинува се со цел да не даде одговор за најважното прашање за македонската иднина.
Нема поголемо лицемерие од тоа партијата сместена во скапоцен дворец од милиони евра, којашто што потроши стотици милиони евра на лажен барок, споменици и стиропор за да ги задоволи хировите на Никола Груевски, денеска неосновано да обвинува за наводно расипништво.
ВМРО-ДПМНЕ да не се грижи, Владата предводена од СДСМ работи во интерес на сите граѓани, има пари за остварување на сите зацртани мерки што го подобруваат животот на сите граѓани.
Доколку навистина сака да види што навистина е расипништво, младиот Александар Кочев нека прошета во штабот на неговата партија да ги погледне уметничките слики и раскошот вреден милиони евра изграден додека Македонија и граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.
Наместо да се бламира со празни прес-конференции, ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и конечно јавно да го соопшти ставот за најважното прашање: Дали на 30 септември ќе ги повика членовите да излезат и да се изјаснат за македонската иднина во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет?
Скопје, 26.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА