fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со професионализацијата на институциите, продолжува со лажни вести и измислици

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ со денови лаже и измислува се само за да не го каже ставот за референдумот на кој граѓаните ќе имаат историска можност да одлучат за сопствената иднина.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никаков кредибилитет да зборува за вработените во администрацијата, особено што целата јавност деновиве дозна како оваа партија со години се однесувала кон институциите и вработените во јавната и државна администрација.

Заканите, заплашувањата, одењето од врата на врата и во одредени случаи малтретирањето на јавните службеници се одлика на владеењето ВМРО-ДПМНЕ и тоа е завршено со започнатиот процес на реформа и професионализација на државните институции.
Владата предводена до СДСМ работи одговорно, отчетно и единствено во интерес на граѓаните, што за ВМРО-ДПМНЕ е непозната категорија.

Нема веќе манипулации, нема затскривања како за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За прв пат Владата го објави и вкупниот број вработени во јавната администрација, како и бројот на лица вработени преку агенцијата за времени вработувања.
ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да излезе од матрицата на лажни вести и измислици.

 

Скопје, 22.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести