Соопштение за јавност
На 40 денови до референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште немаат јасен став за едно од најважните прашања во историјата на независна Македонија.
Со исполнувањето на домашните обврски и реформи за членство од Македонија создаваме функционална држава во која владеат редот и законот. Со членствово на Македонија во ЕУ и НАТО влегуваме во сојузи кои функционираат според правила, ред, закон и прописи.
Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат односно немаат јасен став за референдумот, за најважното прашање за иднината на Македонија?
Граѓаните знаат дека придбивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалните и антидржавни практики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината знаат дека влезот во ЕУ и НАТО нема алтернатива.
На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат македонски идентитет.
Скопје, 21.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА