Соопштение за јавност
На неколку недели до најважниот датум во поновата македонска историја, мнозинството граѓани и сите прогресивни сили се обединија околу македонската иднина во ЕУ и НАТО, само Христијан Мицкоски се крие зад однапред снимени обраќања и избегнува да го каже својот и ставот на неговата партија за референдумот.
Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат назад во изолација и неизвесност во кои со години ја држеа Македонја па затоа одбиваат да соопштат јасен став?
Граѓаните знаат дека придбивките и вредностите на ЕУ и НАТО се суштинска спротивност на криминалните и антидржавни практики што ги нуди ВМРО-ДПМНЕ.
На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат интеграција наместо изолација, иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет, заштитен и загарантиран еднаш за секогаш!
Скопје, 22.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА