Соопштение за јавност
Искривените соопштенија и прес-конференции на криминалната ВМРО ДПМНЕ се доказ дека оваа партија го изгуби сиот политички компас и единствена агенда која ја има е ширењето на лажни вести.
Евтини летови ќе има. Владата на РМ има обезбедено средства за субвенционирање на нискобуџетни превозници и согласно со владината програма таа мерка продолжува.
Министерството за транспорт и врски на крајно транспарентен начин ги извести граѓаните дека е забележан пропуст на последниот тендер и воедно истиот е поништен, и во таа насока се’ со цел да се работи правилно, отчетно ќе биде распишан нов јавен повик.
Нема веќе ало Миле ми текна и дил ориентед зделки на штета на граѓаните.
ВМРО ДПМНЕ не може да се помири дека новата Влада работни домаќински и одговорно.
Скопје, 17.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА