Соопштение за јавност
Фокусот на граѓание воопшто не е погрешен како што се обидува да тврди Мицкоски.
Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат македонски идентитет.
Во Член 1 од Договорот, стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Појаснето е и значењето на терминот „македонски„ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.
Македонски јазик, Македонци, Македонка, македонско оро, признаени од цел свет еднаш засекогаш.
Зошто на Мицкоски му пречи тоа што македонскиот идентет ќе биде признаен од целиот свет?
Мицкоски да не се крие зад лажните вести што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е.
Или е за светла иднина или темно минато. Или е за напредок, членство во НАТО и ЕУ или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад.
Граѓаните се определени. На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет.
Да за македонската иднина.
Скопје, 18.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА