Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ преку искривените партиски соопштенија за земјоделството се обидува да ги прикрие позитивните трендови во земјоделство.
Вистинските информации во однос на производсвото се следните:
Македонското сточарство расте, продажбата на говедско месо во вториот квартал е порасната од 186 на 441 тон односно зголемена е речиси тројно!
Продажбата на свинското месо за само една година пораснала од 2.442 на 3.518 тони!
Додека пак продажбата на млеко пораснала од 439 илјади на 477 илјади литри!
Дополнително, продажбата кај индивидуалните земјоделци пораснала од 1.227.320 денари во 2017 година на 1.399.665 денари во 2018 година.
Значи, податоците јасно укажуваат на добри трендови особено кај помалите производители.
Министерството за земјоделство активно работи на зголемување на зејоделските посеви и само годинава е доделено ново земјоделско земјиште.
ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во во македонското земјоделство, со години не исплќаше субвенции и манипулираше со земјоделците.
Владата на СДСМ вложува силно во земјоделството и водеува нови политики кои даваат резултати, навремено ги исплаќа сите субвенци и инвестира во големи капитални проекти кои носат раст, развој и повеќе пари кај секој земјоделец.
Скопје, 17.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА