fbpx

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ која го урниса образованието, да го праша Мицкоски за непотизам, како асистент на својот татко

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ за време на деценискиот режим и криминално владеење го урниса образованието во Македонија, експериментираше со разни програми кои ги оптеретија учениците а не донесоа квалитет, спроведуваше екстерни тестирања, ги понижуваше наставниците и професорите, ја сруши автономија на универзитетите.

ВМРО-ДПМНЕ треба да го праша Мицкоски за непотизам, како асистент на својот татко.

Како тоа од толку многу професори Христијан Мицкоски бил асистент токму кај својот татко?

Како од толку професори во сите книги и учебни помагала наведени во биографијата на Мицкоски како ко-автор е наведен токму неговиот татко?

Во образованието сега се воведуваат реформи и крупни промени кои носат позитивен резултат, подобро и поквалитетно образование на среден и на долг рок, но и кои гарантираат автономија на универзитетот, задоволен и мотивиран наставен кадар.

Скопје, 16.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести