Соопштение за јавност
Има огромна разлика и станува збор за два различни концепти.
Војниците, припадниците на Армијата на Република Македонија цели 11 години беа заборавени од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа политичка партија не мислеше на АРМ, не мислеше на интеграцијата, посветена беше на криминално богатење на на фамилијата.
По промената на власта, СДСМ ги зголеми платите во Армијата за прв се во последните неколку години. Се води грижа за животниот стандард на војниците, се купуваат нови униформи, се инвестира во добро опремена и подобро платена армија.
Македонија го смени курсот, од земја во изолација се врати на патот на интеграциите и ги исполни стратешките приоритети за членство во НАТО и ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ ја доведе Македонија до изолација, СДСМ до интеграција.
ВМРО-ДПМНЕ зборува за амнестија, не се изјаснува за најважните прашања за иднината и шири хистерија против НАТО, СДСМ зборува за одговорност, обезбедува светла иднина и ја внесува Македонија во НАТО.
Лагите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат нервозата од добиената покана за членство во НАТО, нервоза од промените кои што се случуваат и успехот на Македонија.
Скопје, 17.08.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА