fbpx

Лицемерие и лаги на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 10 години ги прислушуваше граѓаните сега лицемерно зборува за приватност и лажно обвинува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Партијата што цели 10 години прислушуваше десетици илјади граѓани, ја загрози нивната приватност и го злоупотреби системот и институциите денеска најде да зборува за приватност?

Лицемерие до крајни граници и лаги на ВМРО-ДПМНЕ која воопшто не се грижи за граѓаните.

Злоупотребите и упадот во приватноста на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијата. Владата на СДСМ и институциите на системот ја гарантираат приватноста, сигурноста и безбедноста на податоците на граѓаните.

Воопшто не се отчни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека приватноста на граѓаните е загрозена. Граѓаните да бидат спокојни, личните податоци на граѓаните се сигурни, загарантирани и заштитени.

Не е точно дека ќе се оданочува помошта од дијаспората.
Користењето на податоци добиени од банките во Управата за јавни приходи и до сега постоеше и се користат редовно во даночната постапка. Станува збор за законска размена на податоци која се автоматизира, наместо податоците да се доставуваат во хартиена форма, што е долга, спора постапка за сите страни.

Автоматизираната електронска размена на податоци со банките е европски тренд и ќе овозможи подобрување на ефикасноста на УЈП но и подобри услуги за граѓаните. Побрзо ќе се издаваат уверенија, решенија и други документи во надлежност на УЈП.

Користењето на податоците низ една ваква законска и сигурна процедура е за да може Управата за јавни приходи да издава однапред пополнети годишни даночни пријави кои граѓаните само ќе ги потврдуваат.

 

Скопје, 13.08.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести