fbpx

СДСМ започна процес на рехабилитација на здравството коешто 11 години беше уништувано од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Здравството 11 години беше на колена поради погубните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто 11 години ги погазуваше правата на пациентите и го потценуваше трудот на лекарите.

Владата предводена од СДСМ започна процес на рехабилитација на здравствениот систем преку кој се унапредува здравствената заштита, правата на пациентите и статусот на медицинскиот персонал.

За нешто повеќе од една година се донесе реален и одржлив план за изградба на нов Клинички центар, стапката на смртност кај новороденчињата е намалена, а се обезбедија и повисоки надоместоци за дежурства за лекарите.

За жал, во изминатите години Македонија загуби премногу квалитетни и едуцирани доктори кои барајќи достојни услови за работа, тие трајно се иселија низ Европа и светот. Тоа мора да запре. Во насока на спречување на бранот иселувања на лекарите, за прв пат во Македонија се обезбедија средства за плаќање на надометок и на приватните специјализанти за нивниот труд и ангажман.

Донесена е одлука за укинување на здравствена партиципација за децата од семејства коишто се корисници на социјална помош. Намален е бројот на директори со што се прави значително намалување на трошоците преку укинување на платите на организациските директори во 40 здравствени установи. Преку домаќинското и одговорно работење и направените заштеди, за очекување е веќе од наредната година да се воведе бесплатното болничко лекување, една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ.

За осовременување на здравството и унапредување на здравствената заштита, во Буџетот на Министерството за здравство за 2018 година, обезбедени се вкупно 221 милион денари за набавка на медицинска опрема за јавните здравствени установи.

Ова се само дел од клучните мерки преземени од страна на Владата предводена од СДСМ за развој и унапредување на здравството. Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат активно да работат на подобрување на здравствениот систем, унапредување на условите за работа на лекарите и поголема грижа за правата на пациентите.

Скопје, 29.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести