Соопштение за јавност
Македонија се радува!
Македонската иднина е загарантирана, македонскиот идентитет обезбеден. Она кое што со децении се чекаше, конечно станува реалност за македонските граѓани, стануваме дел од европското семејство и НАТО алијансата, онаму каде што припаѓаме.
Македонија оди напред!
Обезбедена сигурност и стабилност, повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство, се дел од придобивките на членството во НАТО.
И додека позитивните вести за земјава секаде во светот беа поздравени и подржани, а историскиот успех беше пренесуван во светските медиуми, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се одважија да го поздрават успехот на Македонија.
Конечно, ВМРО ДПМНЕ треба да се изјасни дали воопшто и е грижа за иднината на македонските граѓани и за иднината на државата.
Дали ВМРО ДПМНЕ воопшто подржува напредок на земјава и подобар живот за македонските граѓани?
Доста беа две и пол децении чекање, стагнација и неизвесност. Конечно земјава направи чекор напред кој ќе биде запишан во нејзината историја.
Чекориме кон ЕУ и со тоа ЗАЕДНО ГРАДИМЕ држава по ЕВРОПСКИ ПРАВИЛА.
ДА за македонската иднина!
Скопје, 12.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА