Соопштение за јавност
ВМРО ДПМНЕ имаа единаесет години да ја донесат Македонија на вистинскиот пат кон членство во ЕУ и НАТО. Но наместо да се грижат за интересите на граѓаните и државата, тие единствено се грижеа за криминалот и личното богатење на поединци во врвот на оваа партија.
Добро е што ВМРО-ДПМНЕ се сети дека треба да им се обрати на граѓаните, но без јасно дистанцирање од криминалот, без извинување за катастрофата и последиците што ги остави нивното 11 годишно погрешно, криминално владеење, денешната најава е лажна, провидна и неискрена.
Мицкоски треба да го повика својот претходник, Никола Груевски, на одговороност и да им се извини на граѓаните. Без тоа, денешната најава на ВМРО-ДПМНЕ значи лето за одбрана на криминалот, и ништо повеќе.
СДСМ заедно со граѓаните, гради држава по европски правила со сигурна иднина, владеење на правото, раст на економијата, повеќе инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните.
Граѓаните нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Правда за сите и расчистување на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ е државен интерес, секој да одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка.
НЕ за одбрана на криминалот, ДА за македонската иднина!
Скопје, 10.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА