fbpx

Злоупотребата на трагични настани зборува во каков очај е ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните да останат смирени, институциите делуваат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Искрено жалиме за прерано загубениот млад живот и изразуваме сочувство до семејството, роднините и пријателите. Повикуваме на смиреност кај сите граѓани.

Обидите за злоупотреба на вакви трагични настани ја покажува очајната состојба во ВМРО-ДПМНЕ.

Паничните обиди на ВМРО-ДПМНЕ, со лажни вести и сеење неосновани обвинувања да подгрева тензии, говори за немањето свест и совест во самиот врв на оваа партија.

Како што е и јавно познато, Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот за еден ден и брзо ги пронајде осомничените. Лицата се во притвор и очекуваат соочување со одговорноста.

Случајот и квалификацијата на кривичното дело е во рацете на надлежното Обвинителство.

Очекуваме, низ транспарентна, законска и институционална постапка виновниците за овој чин да сносат одговорност согласно законите на Република Македонија.

 

Скопје, 09.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести