Соопштение за јавност
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ бесрамно злоупотребува трагични настани и подгрева тензии меѓу граѓаните говори за немањето свест и совест во врвот на оваа партија.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години подгреваше поделби меѓу граѓаните и наместо да осуди поттикнуваше говор на омраза, а сега преку ширење лажни вести и неосновани обвинувања се обидува да разгорува тензии меѓу граѓаните.
Апелираме на смиреност кај сите граѓани. Институциите постапуваат соодветно и во рамки на нивната законска надлежност.
Јавно е достапно дека Министерството за внатрешни работи за еден ден ги пронајде осомничените за стореното кривично дело. Случајот и преквалификацијата на кривичното дело сега се во рацете на надлежното Обвинителство.
Очекуваме дека низ законска и транспарентна постапка виновниците за овој чин ќе сносат соодветна одговорност во согласност со тежината и во согласност во законите на Република Македонија.
Скопје,10.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА