Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски секојдневно покажува дека за него поважна е одбранат на криминалот и судбината на Никола Груевски отколку иднината на Македонија и нејзините граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ ја блокира постапката за формирање на Државна изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за иднината на државата.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека амнестија за криминалот и насилството на ВМРО-ДПМНЕ нема да има.
Граѓаните, јавноста и целиот демократски свет го препознаваат историскиот успех што е постигнат со договорот. Со конечниот договор се обезбедува иднината и безбедноста на Македонија како членка на НАТО и ЕУ и се гарантира македонскиот идентитет, Македонци, македонски јазик, македонска посебност се обезбедени еднаш за секогаш.
Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го бранат криминалот, СДСМ заедно со граѓаните обезбедува европска иднина.
Македонија чекори кон членство во ЕУ и НАТО и се гради како држава со европски правила, деструктивните сили нема да ја вратат во темното минато на изолација, криминали насилство.
Скопје,09.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА