fbpx

Колумна на Сања Лукаревска: „Собрани дела“ од изборни (не)времиња

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Собрани дела“ од изборни (не)времиња

Напомена: Ова е дел од десет транскрипти од „бомбите“достапни на интернет платформите

И официјално започнува кампањата за Парламентарните избори 2024, единаесетти од независноста. Ќе беа помалку ако се одвиваа во регуларен термин, но стратегијата на ВМРО ДПМНЕ за предвремени избори во пресметано време, ја смени статистиката. И не само неа.
Фер, демократски и мирни избори е разбирлива и излишна реторика во услови кога дел од културата на живеење е и граѓаните по сопствена волја, со пенкало, да го прават својот избор во сите изборни циклуси. Но.
Зошто и како се дојде до констатацијата дека демократијата кај нас има циклична траекторија ? Мало потсетување:

„Да ги запираат сите коли, сите, претрес, кои се тие, како сте, што сте и да… значи све живо што е од МВР да излезе на улица сега. Ќе ни ги земат изборите пак у пет до дванајс…“

„Па ние секогаш, кога има митинг било кој, на технички преглед им ги праќаме автобусите, да има помалку луѓе…“

„Да им се даде задолжение на амбасадорите да одат од врата на врата, да им ѕвонат од конзулати и амбасади…а амбасадорите да посетуваат по 70 луѓе на ден….во секое еб.но македонско друштво што го имаме амбасадорите да назначат по двајца што ќе им вртат на луѓето да се пријават за гласање… “

„Може ли една работа, еден телефон да го ставиш вон употреба? Од ЕСДЕЕС, лобира…“

„Значи Мите Нико Петрол треба да го сотреме, ама Роби малку да го стегнеме на наша страна, многу се прави независен…“

„Прво овој да го уапсиме, Ацо и тој другио, после шо сакаш…

„И ќе ги истурам компанииве со 200 милиони евра пред избори и стопанство, граѓаниве, сите. Идиотов иде со изјава.Не може ова вака, ова е…“

„Медрано…Ама битно човечињава за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста.“

„Значи те молам, кај сите учителки завртете, кол центарот со следнава насока: ви благодариме што излеговте на гласање. Ве молиме за конечна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Центар да обезбедите уште еден глас за ВМРО-ДПМНЕ“.

„Лифтовиве не работат, хахаха. Може да слезат од 15 спрат стариве? Не.“

„Море, ќе ја преселам онаа зградана што е кај Бристол, мамата ќе им ја еб.м. Многу таму разлика ни направија у пи..у матер“.

„Е вака сега министре. Имаме две деца што имаат лична карта на Скопје, тие ќе гласаат тука во домот. Имаме уште шест дечиња што се полнолетни, ако им се плати патот, би оделе да гласаат за Груевски“.

„Над иљаду ќе нè тепаат у Центар… Могуче ли е тоа?…да пуштиш таму на нашиве што поише неважечки да праат. И записници, за после да може да се судиме…“

„Четири избирачки списоци, дојдов до нив, да видам кој точно гласал кој не. Е сега, избирачкиот материјал е во една просторија кај што имаме клуч. Тие се заврзани во едни црни вреќи, како што ми објаснуваа и имаат од оние пластичнине ако ти текнува што се затегнуваат, пластични едни? Има ли од МВР вешт или да појде да види, ако може да ги отвориме без да се сецка?“

„Значи мора да го соберат него. Еден е собран веќе, тој Јане, со уште двајца фатени. И уште Страшо и готово, ја решаваме овдека равенката.“

„И тоа кафаната треба да му ја запалиме. И така.“

„Овие од Тоше семејствово против нас се. Што праиме? Да му ја избркаме таа од работа ако не и да не му даваме повеќе 3.000 евра, да го затвориме музејо?“

„Еве следните избори нема, еве ако сакаш следните избори да ти потпишам кај сакаш нема да се кандидирам, на друг ќе ја дадам партијата, на кој сакаш“… Хахахаха… Значи, не да е пос.ан, му тече и низ панталони.

„Ако де, ако, држава сме, контролираме.“

„А бе има 300 лични карти за Струмица. Во тек си?
-За да се прават или треба да стигнат?
Да се прават.“

„Таму каде што мислите дека е тенко, не потпишувајте записници, оставајте простор за приговор.“

„Од ова правиме сега три дена драма ние.“

„Сеа кузнае со шо било, ќе видиме, може на крај ќе му пуштиме прекршочна за со гасен пиштол, нешо така… дека не пукал кон избирачко место, пукал во воздух, нешо ќе мислиме…“

„И ја сакам овдека демократија да има со 120 пратеници од ВМРО“.

„Ќе речат, аааа се прислушкува цела држава. Ние ќе речеме не се прислушкува. И толку“.

Да, толку и доволно за да се потсетиме зошто кај нас демократијата живее во цикличност. Од режим до слобода.
Кампањата за Парламентарните избори 2024 и официјално започнува. Бизнисот, институциите, амбасадите, учителите, телефоните, автобусите, лифтовите…си ја работат својата работа. Без закани, без навреди, без нарачани дефекти.

Последни вести