Соопштение за јавност
Искрено жалиме за прерано загубениот млад живот и изразуваме сочувство до семејството, роднините и пријателите. Повикуваме на смиреност кај сите граѓани.
Обидите за злоупотреба на вакви трагични настани ја покажува очајната состојба во ВМРО-ДПМНЕ.
Паничните обиди на ВМРО-ДПМНЕ, со лажни вести и сеење неосновани обвинувања да подгрева тензии, говори за немањето свест и совест во самиот врв на оваа партија.
Како што е и јавно познато, Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот за еден ден и брзо ги пронајде осомничените. Лицата се во притвор и очекуваат соочување со одговорноста.
Случајот и квалификацијата на кривичното дело е во рацете на надлежното Обвинителство.
Очекуваме, низ транспарентна, законска и институционална постапка виновниците за овој чин да сносат одговорност согласно законите на Република Македонија.
Скопје, 09.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА