Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ ги менува своите ставови и продолжува да шири лажни вести со што нанесува штета на интересите на државата и граѓаните.
СДСМ обезбедува иднина а ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот.
Постигнатиот конечен Договор за 25 годишниот спор ги обезбедува врвните национални и државни интереси, ја отвора вратата за членство во НАТО и ЕУ.
Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет.
Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш!
Ова се историски успеси за Македонците и за сите граѓани на Македонија.
Членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи вртоглав раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните. Истовремено, чекориме кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила.
Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ и граѓаните ја обезбедуваат европската иднина на Македонија.
Нема веќе враќање назад. Македонија оди напред.
Скопје, 07.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА