fbpx

Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи, Македонија оди напред, никој нема да ја закочи македонската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На ВМРО-ДПМНЕ и беше потребна дополнителна прес конференција за да ја покрие безидејноста и немањето аргументи на нивната пратеничката група.

Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат аргументи и настапуваат само со ширење невистини и клевети не може да се покрие со исто таква прес конференција, без аргументи и со искажани невистини.

Ваквото однесување без политичка насока на делување уште еднаш ја потврдува конфузијата во којашто се наоѓа опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Конечно ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни пред граѓаните дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Договорот за решение на 25 годишниот спор е патриотски чин во согласност со националните и државни интереси, препознаен и признат од целата домашна јавност и целиот демократски свет. Со него, еднаш засекогаш се гарантира и јакне македонскиот идентитет и се обебзедува европската иднина на Македонија и нејзините граѓани.

Никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов нема сами да одлучуваат за македонската иднина, туку тоа ќе го сторат сите граѓани на непсореден и демократски начин преку референдум.

Ниту една закана, ниту една навреда и клевета од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат Македонија во времето на изолација и поделби. СДСМ, граѓаните и сите институции нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Македонија оди напред и запирање нема!

 

Скопје, 02.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести