fbpx

Официјалните податоци ги демантираат празните обвинувања на Мицкоски, економијата се движи во добар правец!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски човекот што го советуваше Никола Груевски во носењето и спроведувањето на погубните економски политики нема никаков кредибилитет да зборува за економијата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа напразно обвинуваат.

Реалните факти ги демантираат лажните обвинувања на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, идустриското производство во период јануари – мај 2018 е за 3,5 отсто поголемо во однос на периодот јануари – мај 2017. За потсетување, тоа е периодот кога партијата на Мицксоки со сите сили одбиваше да овозможи мирен трансфер на власта.

Евидентен е растот на минималната и просечната плата, растот на извозот и намалување на невработеноста. Само во првиот квартал од годинава во Македонија се влезени рекордни 235 милиони евра странски инвестиции, без при тоа да биде потрошен денар за скапи роуд шоуа и кампањи. Сето ова се реални податоци што ги демантираат празните обвинувања на Мицкоски.

Лицемерно и несериозно е Мицкоски да глуми загриженост за младите, кога токму во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од државата заминаа над 600 илјади луѓе, а најголем дел од нив беа млади, образувани и работоспособни луѓе на кои криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ им ја затвори секоја можност за успех.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и натаму нека ја следат работата на Владата предводена од СДСМ за да научат како се работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните.

 

Скопје, 01.07.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести