Соопштение за јавност
Очајното ВМРО-ДПМНЕ освен што шири лажни вести, почнува да измислува наводни проблеми онаму каде што ги нема.
Не е точно дека домашната пченица нема да се откупува. Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство градат партнерски однос и со производителите на пченица и со мелничарите, со цел да се постигне навремен и целосен откуп на пченица и да се намали увозот на пченица и брашно во државата.
Во таа насока е и одлуката оваа година за прв пат за потребите на Бирото за стокови резерви ќе се набавува домашна пченица, наместо пченица од увоз како што долги години правеше ВМРО-ДПМНЕ.
Само за пример, откупот на јачменот започна со цена од 8 денари, која потоа порасна на 9 денари и со оваа жетва за првпат има јачмен што се извезува.
Земјоделците и мелничарите се уште ги чувствуваат последиците од штетните политики од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и затоа одамна не веруваат на лицемерното однесување на опозициската партија.
Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат да работат во интерес на земјоделците, развој и унапредување на земјоделството како една од најзначајните стопанки гранки во Македонија.
Скопје, 01.07.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА