fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже и злоупотребува хумани решенија, не се прават кампови за мигранти туку се обезбедува сместување за бездомни лица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

По кој знае кој пат денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно шири лажни вести.

Сите надлежни институции, Министерството за труд и социјална политика, општина Карпош, ги демантираа лажните документи и невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти.

Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата, преку едно хумано решение, трајно им обезбедува дом на повеќе од 80 лица кои живееја на улица.

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и злоупотребува хумани решенија.
Бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во Република Македонија. Оваа е стара лага на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 30.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести