Соопштение за јавност
Симболика или скриено значење? На која „траекторија“ мисли Мицкоски?
Го потсетуваме Мицкоски, одбраната на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не оди патот за членство во ЕУ и НАТО.
Македонија тргна напред, граби по нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО кој точно е определен. Нема друг пат за членство во ЕУ и НАТО, за македонската иднина.
На другата страна е враќањето назад во темното минато на криминалот и корупцијата што 11 години ја уназадуваше Македонија и ја оддалечуваше од демократскиот и развиениот западен свет.
Македонија добива покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата. По добивањето датум за преговори со Европската унија, уште еден историски успех за сите наши граѓани.
Македонија чекори напред кон полноправно членство во НАТО и ЕУ со што се исполнуваат клучните стратешки национални интереси на земјава и на сите нејзини граѓани.
Успехот на Македонија е признаен, препознаен и вреднуван од целиот демократски свет, од ЕУ, од НАТО.
Се потврдува дека Договорот со кој се решава 25 годишниот спор со Грција е патриотски чин. Го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и јазик и ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО.
Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ навистина се за членство на Македонија во ЕУ и НАТО тогаш ќе го поддржат Договорот кој ја обезбедува македонската иднина.
Декларативните, празни зборови на Мицкоски немаат никакво значење без конкретен чекор.
Во спритивно, остануваат сомнежите дека Мицкоски останува на траекторијата на Никола Груевски и одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 30.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА