Соопштение за јавност
Европската унија го препозна, го поздрави и го награди напредокот во изминатата година.
Во заклучокот од Советот на ЕУ јасно е наведено дека „Советот се согласува позитивно да одговори на наведениот напредок“ на Македонија и го поставува патот кон “отворање на пристапните преговори во јуни 2019 година“.
Јасно е се. Одлуката е донесена: Вратите за Македонија за членство во ЕУ се отворени, земјава започнува преговори за полноправно членство во 2019 година!
Македонија сега е препознаена како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи и општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои имаат јасно изразена визија за европска иднина.
Неспоредливо со заклучоците во времето на ВМРО-ДПМНЕ кои говореа за „заробена држава“.
За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава„ заедно успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат доблест да го поздрават напредокот и успехот на Македонија којшто е постигнат заеднички со граѓаните.
Тоа е нивни избор. Но, треба да се присетат на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“.
Правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.
На Мицкоски и на сите оние коишто потрошија 11 години од животите на граѓаните и деценија ја држеа Македонија во место, за лично, криминално богатење, треба да им е јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема да има.
Скопје, 27.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА