Соопштение за јавност
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ се пронајдоа во прес конференцијата на СДСМ во делот на изолацијата и стагнацијата и затоа се најдоа повикани да „одговорат“ пред граѓаните. Но, реално опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да одговори, туку може да учи како се води одговорна меѓународна политика и што значи државотворно делување.
Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ значеше 11 години стагнација на државата. 11 години криминал и сиромаштија, 11 години изолација, поделби, насилство, конфронтации и на домашен и на меѓународен план.
За разлика од таквото антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година Владата предводена од СДСМ ја стабилизираше државата и ја врати на вистинскиот пат. Од заробена и изолирана, Македонија денес е почтиувана држава – земја пријател на региониот и демократскиот свет. Македонија оди напред како модерна демократска европска држава.
Постигнатиот договор за спорот со Грција наиде на честитки од целиот демократски свет, затоа што го зајакнува идентитетот и достоинството, а истовремено го отвора патот кон членство во ЕУ и НАТО што е врвен национален интерес.
ВМРО-ДПМНЕ не може да ја кочи македонската иднина. На референдум, согласно законските прописи, граѓаните слободно ќе ја искажат својата волја и одлучно ќе кажат ДА за зајакнат македонски индентитет, ДА за интеграција во НАТО и ЕУ, одлучно ќе кажат ДА за македонската иднина.
Скопје, 23.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА