fbpx

Просечната плата продолжува да расте, се потврдува успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати.

Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во април 2018 изнесувала 23.942 денари.
Споредбено, просечната плата во април 2018 година е за 5,6 отсто повисока во однос на април 2017 година.

Зголемувањето на минималната плата ја отвори спиралата на раст на платите, фактот што околу 90.000 работници добиваат повисока плата позитивно влијае врз растот и на просечната плата.

Мерките што се спроведуваат обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисоки плати и подобар животен стандард.

Со решавањето на спорот со Грција и со приближувањето на Македонија кон членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се очекува трендот на раст на платите да се засили и интензивира, со крајна цел просечната плата да достигне 30.000 денари веќе до крајот на 2019 година.

 

Скопје, 23.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

Последни вести