Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ е пример за одговорно, отчетно и домаќинско работење и управување со парите на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ тоа е нешто непознато, затоа нелогично реагира на мерките за зголемување на транспарентноста.
Денеска граѓаните точно знаат каде и за што се трошат нивните пари. Нема веќе криминални тендери и сомнителни набавки скриени од очите на јавноста, како што ВМРО-ДПМНЕ функционираше 11 години.
Кога зборуваат за криминален картел, ВМРО-ДПМНЕ зборуваат за себе. Токму ВМРО-ДПМНЕ функционираше на тој начин за време на нејзиното 11 годишно владеење и стана синоним за расипништво, криминал и корупција.
Граѓаните ги паметат скандалите на раководните лица од ВМРО ДПМНЕ во АД ЕЛЕМ, како 14 милиони евра за рајска градина во време кога имаше постојан пад на производството, а струјата поскапе за 100%.
Се уште нема одговори од Христијан Мицкоски за неспоредните спогодби од 10,5 милиони евра кои биле договорени веднаш по неговото назначување за директор на АД ЕЛЕМ.
Судскиот процес и кривичните пријави што се водат против поранешниот директор на СОЗР од ВМРО-ДПМНЕ доволно зборува како функционирале институциите.
Јавноста памети како функционери на ВМРО-ДПМНЕ се гоштевале со месо од бизони, бифетци од коњско месо, додека граѓаните осирамашуваа.
Очигледно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ самите себеси се препознаваат како криминален картел, затоа и толку често го користат тој термин.
Скопје, 20.06.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА