fbpx

Растот на извозот од 14.3 отсто потврдува дека економијата се движи во вистински правец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште еден економски параметар покажува дека политиките на СДСМ во економијата се успешни и даваат резултати.

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – април 2018 година, изнесува 1 милијардa 771 милион и 121 илјади евра, што е за 14.3 отсто повеќе споредено со истиот период од 2017 година.

По рекордниот влез на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годинава, ова е уште една потврда дека економијата се движи во вистинскиот правец.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува зацртаните мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, нови работни места, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.

 

Скопје, 05.06.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести