fbpx

Огромни долгови остави ВМРО-ДПМНЕ после 11 годишното пустошење на државата, Владата сега успешно се справува со јавниот долг

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

После 11 годишно пустошење на државата, осиромашување и енормно задолжување на граѓаните за споменици, барок и криминални тендери ВМРО-ДПМНЕ не може да зборува за јавен долг.

ВМРО-ДПМНЕ е синоним за тројно зголемен јавен долг и колапс на економијата. Затоа јавниот долгот е висок, поради криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Со промените, долгот е стабилизиран благодарение на успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.

За прв пат јавниот долг е намален од 48,5% од БДП во 2016 година на 47,6% од БДП во 2017 година и забавен е растот на јавниот долг.

Со домаќинските и одговорни политики може да се очекува пад за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања кои со каматите изнесуваат над две милијарди евра, оставени од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ одговорно, транспарентно и домаќински управува со јавните финасии.

Што се однесува до Фискалната стратегија, ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори зошто за 10 години ниту еднаш не предаде Фискална стратегија во законски предвидениот рок?

Зошто во последната фискална стратегија предвидуваа далеку повисоко заодолжување од над 53% од БДП?

Граѓаните треба да останат смирени, економијата се движи во добар правец, планот за економски раст дава резултати, финансиите се стабилни.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на економските мерки што обезбедуваат раст на платите, отворање нови работни места и го интензивираат економскиот раст.

Скопје, 29.05.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA

 

 

 

Последни вести