Соопштение за јавност
11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде запаметено по масовното задолжување и осиромашување на граѓаните и државата само за да се исполнат криминалните интереси на фамилијата, а нивните единствени резултати во инфраструктурата се провизиите, договорените тендери и пропустите на автопатите.
Таквиот криминален пристап на ВМРО-ДПМНЕ ја урниса инфраструктурата, а се потрошија и дополнителни стотици милиони евра, пари на граѓаните со кои се санираа штетите од нивната неспособност.
Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше симбол за грабеж и инфраструктурен пустош и затоа, денес опозициската партија нема никаков кредибилитет да зборуваат за инфраструктурата.
Владата предводена од СДСМ заедно со Министерството за транспорт и врски за неполна година успеа да го постигне она што ВМРО-ДПМНЕ не успеваше да го направи ниту за десет години.
Наместо за лажен барок, провизии, криминални тендери и споменици, Владата предводена од СДСМ во интерес на граѓаните и државата сериозно инвестира во развој на патната и комуналната инфраструктура. Потврда за тоа е сериозниот циклус на инвестиции за реконструкција и изградба на 60 патни правци од 800 километри низ целата држава, инвестиции вредни околу 270 милиони евра, а во реализација е и 31 проект во комуналната инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводи, канализациски мрежи и пречистителни станици.
Наместо во очај да се обидува да манипулира со јавноста, ВМРО ДПМНЕ треба внимателно да следи и да учи како се работи домаќински и како се прават патишта, водоводи, канализации низ целата држава.
Скопје, 30.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА