fbpx

Костадиновска – Стојчевска за Тера: Нема седење дома, секој глас е важен за иднината на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Коносителтакта на листата на СДСМ во Изборната единица 5, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во емисијата „Директно“ на ТВ Тера, ги повика граѓаните на 8 мај да излезат масовно на гласање.

„Пораката до гласачите е дека на 8 мај мора масовно да се излезе на гласање, затоа што, останувањето дома или негласањето не оди никому во прилог. Напротив, со неизлегувањето на избори му се дава шанса некому да решава, и токму затоа секој треба да го искористи правото да излезе да гласа“, рече Костадионовска-Стојчевска повикувајќи ги граѓаните да го дадат својот глас за бројот 1, за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и за лисатата предводена од Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата.

Коносителката во Изборната единица 5, дополни дека ВМРО е партијата која 4 години си ја бојкотира сопствената држава и сопственото членство и затоа не е легитимно да зборува за бојкот.

„Срамота е ВМРО ДПМНЕ да зборува за бојкот, а бојкотираа пакети за економски мерки, бојкотираа во најтешките времиња со здравствена криза, во парламентот бојкотираа практично сѐ. Тие беа спремни, државата да ја донесат до ниво да нема државен буџет, да влеземе во криза за тие да можат да дојдат на власт“, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Последни вести