Соопштение за јавност
Почитувани,
Ве информираме дека на денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ којашто ја најави на 8-ми мај, како високо морален чин, и согласно Статутот на партија иницираше свикување Конгрес на СДСМ заради анализа на изборните резултати и изјаснување за довербата на органите на СДСМ, избрани од Конгресот, со оглед на изборните резултати.
Интегралната содржина на дописот на претседателот Ковачевски до Извршниот одбор и претседавачот на Централниот одбор, Славјанка Петровска, ви ја испраќаме во прилог. (ЛИНК)