Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно се загуби во лажните вести што секојдневно ги создава и пласира.
Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ вчера тврдеа едно а денеска друго.
Вчера, ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека на работниците од споменатата компанија им се плаќа по 97 денари за час работа, а денеска велат 75 денари за час работа. Утре може да очекуваме трета лажна бројка.
Се покажува дека ширењето на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ достигна очајно ниво.
Таквото паушално изнесување на едни инфрмации вчера, поинакви информации денеска, само потврдува дека опозициската партија не е заинтересирана за реалната состојба туку дека ширањето лажни вести е нивната единствена цел и стратегија.
Наместо да шират лажни вести во кои и самите не веруваат, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и јавно да одговорат на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога Мицкоски раководел со АД ЕЛЕМ.
Скопје, 22.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA