Соопштение за јавност
Криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено по огромните пропусти и пуштошот што го направи во инфраструктурата.
Токму неспсообноста на ВМРО-ДПМНЕ придонесе граѓаните да бидат оштетени за стотоици милиони евра, а пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија – Смоквица беше одложувано двапати, прво во септември 2016 година, а потоа во мај 2017 година.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните политики на Владата предводена од СДСМ во инфратруктурата и затоа очајно шири лажни вести. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи за цели пет години, Владата предводена од СДСМ го стори за неколку месеци. Завршени се сите потребни процедури, надминати се сите пропусти и автопатот е пуштен во употреба.
За разлика од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ сериозно вложува во развој на инфраструктурата што овозможува подобра поврзаност на граѓаните, економски раст и квалитетен и ефикасен транспорт.
Скопје, 23.04.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈA