fbpx

Нотираниот напредок од страна на „Фридом хаус“ е потврда за успешниот реформски процес започнат од Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Последниот извештај на „Фридом хаус“ во кој се нотира напредок во независност на медиумите и демократското владеење е уште една потврда за исправноста на започнатиот реформски процес од Владата предводена од СДСМ.

После долги години уназадување кога Македонија беше категоризирана како заробена држава извештајот на „Фридом хаус“ за првпат нотира дека во 2017 година постои напредок во националното демократско владеење и независноста на медиуми, а Македонија е категоризирана како „светла точка“ и држава која најмногу ветува дека е можен демократски пробив во Европа.

Ова се првични констатации, после само неколку месеци од преземањето на одговорноста од страна на СДСМ.
Реформскиот процес, ослободувањето и професионализацијата на државните институции што овозможуваат независни медиуми, професионални институции и неселективно владеење на правото ќе продолжи уште позасилено.

Напредокот на Македонија во сите сфери продолжува!

 

Скопје, 11.04.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести