Соопштение за јавност – реакција на интервјуто на Весна Јаневска
Јаневска со денешното интервју потврди дека нема да има покачување на платите и исто како Мицкоски се жалеше на буџетот. Апсолутна невистина е дека тие немаат пари во буџетот, тоа е само алиби за политиките кои веќе ги најави а тоа е да се стопираат покачувањата на платите во образованието и да не се почитува веќе потпишаниот колкетивен договор во високото образование.
Се што прави ВМРО-ДПМНЕ во овие неколку недели се оправдувања и неосновани обвинувања за да не обезбедат средства за покачување на платите и да ги прекинат добрите политиките.
Јаневска треба да се срами кога вели дека јавноста не требала да се секира зашто ќе обезбеделе плати. Плати не се случило никогаш да фалат во време на СДСМ и тие постојано растеа. Какво е тоа ветување дека таа ќе обезбедела плати? Па уште го презентира како некаков успех на Владата.
СДСМ остро ќе се спротистави на полтиките на соприрање на растот на платите и понижување на кадарот во образованието. Токму од таквите погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, просветните работници беа понижени и земаа најниски плати во државата.
Јаневска да оди лично да им објасни како тоа СДСМ во време на светска економска криза можеше да обезеди плати и постојано покачување, а таа сега немала пари за тоа. Не станува збор за буџетот туку за приоритетите кои се сосема различни.
За СДСМ приоритет беа наставниците, нивниот стандард и нивното достоинство, ВМРО-ДПМНЕ планира повторно од вработените во образованието да прави ниско платена работна сила.