Прес-конференција, Борче Цветков, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани,
Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација.
Она што се случува се незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања.
Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел и на раководни позиции.
Спротивно на законските норми се случуваат распределби и назначувња на неколку нивоа подоле.
Еклатантен пример е случајот со поранешниот диркетор на БЈБ кој е симнат за 10 тина нивоа подоле на ниво на самостоен инспектор во полициска станица.
Ова се случува и во други институции.
Има бројни примери и на отпуштања, после веќе завршени огласи за вработувања на нови кадри, неопходни за работа на институциите, незаконски се наоѓаат начини да не се реализираат.
Нема место за професионалците во партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ќе ги заштити обезправените од грубиот процес на партизација што сака да го наметне ВМРО-ДПМНЕ.
Правен тим од неколкумина правници и адвокати на СДСМ партијата бесплатно ги става на расплагање на сите на коишто им е потребна.
Секоја среда, во 18.00 часот, во седиштето на партијата, сите може да дојдат и да добијат бесплатна правна помош и бесплатно застапување пред надлежните органи.
Правниот тим на СДСМ е подготвен да поднесе кривчна пријава за сите основани случаи за кои постојат докази.
Вратите на СДСМ се отворени. Заедно ќе се спротивставиме на партизацијата и прекршувањето на законите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ во институциите.
линк до видео: