Одговор на новинарско прашање, Борче Цветков, пратеник на СДСМ
Првично она што се гледа е дека ВМРО-ДПМНЕ не предвидува зголемување на минималната плата, нема мерки и политики за зголемување на платите по сектори а најавува зголемување на задолжувањето.
Тоа не е добро, стандардот на граѓаните и на работниците треба да се зголемува а не да се загрозува. Гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ од прв ден бара алиби и се правда дека немало пари во буџетот. Има пари за се. Секако СДСМ детално ќе го анализира и ќе дадеме свои забелешки.