Соопштение за јавност
За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога дијаспората се злоупотребуваше за теснопартиски интереси, Владата предводена од СДСМ за првпат поставува институционален и системски пристап кон прашањето на дијаспората, преку поставување на министер кој е задолжен за дијаспора.
Дополнително, со вклученост на сите засегнати страни, во моментот се гради Национална стратегија за соработка со дијаспората базирана на институционална соработка и во која еден од главните сегменти е посветен на економскиот развој,
Владата предводена од СДСМ го разбира значањето на дијаспората не само во економска, туку и во културна, општествена и која било друга смисла и затоа преку своето делување ја зајакнува соработката со дијаспората.
Заврши времето на поделби и манипулација со иселениците, што беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија оди напред преку политиките на пријателство, меѓусебно почитување и соработка воспоставени од Владата предводена од СДСМ, а дијаспората останува значаен дел од процесот на градење на Македонија како развиена држава и едно општество за сите.
Скопје, 10.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА