Соопштение за јавност
Само последните три месеци од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ резултираа со пад на економијата од 1,3 отсто. Атмосферата на страв и тензија којашто ВМРО-ДПМНЕ ја создаваше и којашто кулминираше со инцидентот на 27 април, предизвика несигурност во државата и штетно влијаеше врз економијата.
Со формирањето на реформската Владата предводена од СДСМ започна процес на спроведување реформи што ја движат економијата и ги санираат штетите од расипничкото, криминално и антидржавно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Таквиот процес дава реални резултати. Доказ за тоа е растот на Бруто домашниот производ од 1,2 отсто во последниот квартал од 2017 година, со што се потврдува исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ и се враќа стабилноста и довербата во економијта.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните економски мерки коишто ја движат економијата во добар правец и го поттикнуваат економскиот раст.
Скопје, 08.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА