fbpx

Растот на индустриското производство е позитивен сигнал и потврда на успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Планот за економски раст и реализираните мерки на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. Според официјалните податоци, индустриското производство во јануари 2018 бележи раст од 8.4 отсто во споредба со јануари 2017 година.

Растот на индустриското производство ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, претставува позитивен сигнал за стопанството и истовремено потврдува дека економијата во Македонија се движи во добар правец.

Преку одговорното управување со јавните финансии, кратењето на непродуктивните трошоци, намалувањето на јавниот и државниот долг, обезбедувањето повеќе пари за граѓаните и стопанството, Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и ја поставува на здрави и одржливи основи.

 

Скопје, 08.03.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести