Соопштение за јавност
Корупцијата е одлика на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Христијан Мицкоски ги брани криминалните политики на Никола Груевски коишто нанесоа огромна штета на државата и општеството и коишто граѓаните ги поразија.
Последниот извештај на Транспаренси интернешенл се однесува на состојбите во 2017 година и ги рефлектира последиците на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи, ги санира штетите од криминалното владеење, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот.
Нула толеранција за корупција и ништо помалку.
Македонија станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон каков било тип на корупција и во која секој оној кој ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки. Работите се менуваат, а резултатите од тоа очекувано е да се рефлектираат за состојбите во 2018 година.
Скопје, 23.02.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА