fbpx

Притисокот врз медиумите беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, институциите обезбедуваат слобода на медиумите и владеење на правото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ја турна Македонија беше на дното по медиумски слободи, денес неосновано да обвинува и да глуми загриженост за слободатана изразување

Времето кога власта се пресметуваше со неистомисленици, кога се апсеа и притвораа новинари, кога се вршеа упади и затворања на медиуми заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Процесот на ослободување на институциите и општеството, започнат од Владата предводена од СДСМ обезбедува еднакви услови за сите, почитување на човековите права и јагарантира слободата на изразување, а новинарите и медиумите слободно ја вршат својата работа, ослободени одбило какви притисоци. Истовремено, создавањето наефикасен, независен и професионален судски систем ја прави Македонија правна држава во која веќе нема нарачани и монтирани судски процеси, нешто што беше одлика надецениското криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 24.02.2018​​​​

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести