Соопштение за јавност
Колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за црквата „Свети Ѓорѓија“ доволно покажуваат фотографиите во прилог, направени во октомври 2016 година, на кои јасно се гледа дека црквата има активни пукнатини поради лизгањето на теренот по проблематичните археолошки истражувања, поради руинираниот и дотраен покрив во опасност е од прокиснување, а кај дел од фреските забележливи се знаци на избледување.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа за лажен барок, криминални тендери и споменици, Владата предводена од СДСМ го запира пропаѓањето на црквата „Свети Ѓорѓија“ и вложува во заштита и промоција на вистинското културно и историско наследство.
Скопје, 05.02.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА