fbpx

Заев од Охрид: Илјадници проекти се реализираат низ цела држава, градиме нова македонска развојна економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев денеска се обрати пред охриѓани на граѓанскиот собир во Oхрид во организација на СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„За време на решавање на најкрупните прашања го дигнавме севкупниот квалитет на живот. Илјадници проекти послани на целата територија се реализираат. Се гради Охрид, се гради и струмичкиот регион и кумановскиот регион, и централна Македонија. Имаме рамномерен регионален развој насекаде“, порача претседателот Заев.

Зборувајќи за економските успеси постигнати во изминатите три години, претседателот Заев рече дека СДСМ е постојано посветена на политиките за пораст на платите,а ВМРО-ДПМНЕ покачува плати и пензии само пред избори. Претседателот Заев порача дека со сетот економски мерки како што е Мој ДДДВ се работи на сузбивање на сивата економија, и тој процес продолжува до целосно сузбивање на сивата економија. На тој начин ќе се обезбедат повеќе пари во буџетот кои ќе се насочуваат за зголемени плати, зголемени пензии и покачување на други социјални трансфери.

„Останува да се посветиме дома. Со пријатели околу нас, како членка на НАТО преку отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ, да фатиме костец да ја дигнеме економијата, да ги направиме реформите во правосудството, во образованието, имаме и тоа како многу што да работиме. Да го унапредиме здравството и да ја зајакнеме социјалната заштита, бидејќи државата постои за секој еден човек. Да ја зајакнеме културата и традицијата и сите аспекти, и тогаш е животот дома вреден. Покрај повисоките плати, важна е и зелена Македонија, потребна е и правда и правна држава. Сето тоа е опфатено во нашата нова програма“, рече претседателот Заев.

Последни вести