fbpx

Филипче: Пари во буџетот има, Владата не сака да ги покачи платите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на претседателот Венко Филипче

Претседателот Венко Филипче денес ја обвини Владата дека нема интерес да ги зголеми платите во образованието и бара оправдувања за тоа со обвинување дека нема доволно пари во буџетот. Тој рече дека ако СДСМ во време на најголемите кризи обезбедувал средства за покачување на плати, тоа може да го направи и Владата, но тоа не и е приоритет.

„Во интерес на просветните работници е да се зголемат платите. Ставот на премиерот и на министерката е понижување и навреда за просветните работници. Мора да ставиме фокус на овие работници, тие ги школуваат децата и тоа е најголема инвестиција за иднината. Ако ние најдовме средства да за седум години ги покачиме платите за 55%, тогаш оваа Влада само бара изговори. Наместо да работат тие сакаат да бидат мајстори на илузијата“ – рече претседателот Филипче.

Линк до видео:

Последни вести