fbpx

Со стари лаги ДПМНЕ сака да го орцни Филипче за да ги покрие бројните скандали на Власта

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ нема да може со стари истрошени лаги да ги прикрива катастрофалните политики и скандалите кои секојдневно ја тресат Владата на Мицкоски.

Тоа што од белиот дворец ја праќаат Митева да зборува за некоја фирма која никогаш не била активна и нема никакви трансакции, кажува колку е очајна оваа пропаганда на лаги од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Венко Филипче има се пријавено во својот анкетен лист и нема што да се крие од јавноста.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ да сее невистини и да креира приказни со кои очајно се обидува да го оцрни претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нека седне и нека работи нешто.

Граѓаните многу добро ја препознаваат манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ но и стравот од претседателот Венко Филипче. Веќе е широко распространетото мислењето дека оваа влада на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето.

Дополнително, им препорачуваме на Митева и Мицкоски, да замолчат на оваа тема затоа што на крајот наместо да напаѓаат ќе треба да се бранат. Како што љубеше да каже нивниот почесен претседател, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезена виделина.

За крај, престанете да глумите опозиција, сите ваши фиктивни скандали процесирајте ги во институциите па да видиме што е точно а што не. Фатете се за работа граѓаните веќе ја препознаваат вашата измама.

Последни вести