Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ сè уште не може да се помири со фактот дека парите на граѓаните веќе не завршуваат кај Никола Груевски и неговите соработници, туку се користат за повисок животен стандард и поквалитетен живот за сите граѓани.
Парите на граѓаните веќе нема да се трошат на сомнителни тендери, лажен барок, споменици и луксузи како за времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, туку Владата предводена од СДСМ ги насочува за отворање нови работи места, повисоки плати и пензии и намалени трошоци за живот на сите граѓани.
Предлог Буџетот за 2018 година финансиски и економски ја стабилизира Македонија и овозможува повисоки плати во образованието, здравството, одбраната и детската заштита, повеќе пари за субвенции за сите земјоделци, за повеќе капитални инвестиции и поголема државна помош за претпријатијата.
Скопје, 15.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА